УЧЕСТВУВАЛЕ И ДИПЛОМАТИ: Полицијата прекинала оргии во Брисел

by Тони Зографски

Полицијата во Брисел прекинала оргии, во кои учевствувале 25 лица, меѓу кои и член на Европскиот парламент, како и неколку дипломати. Секс журката се случила во стан во центарот на Брисел, а информацијата ја потврдил државниот обвинител.

Британските медиуми пренесуваат дека европарламентарецот се обидел да побегне, а кога го фатиле полицајците, се повикал на имунитетот.

Како што пренесува британски ТВ6, полицијата не објавила националност или идентитет на мажите, а на лице место била пронајдена и дрога, но белгиските медиуми не наведуваат каква и колку.

Инаку, рацијата била спроведена бидејќи Белгија е во локдаун, што вклучува и забрана за работа на кафулињата и рестораните во цела земја. На сила е и полициски час, а физичкиот контакт мора да биде сведен на минимум.

Поради тоа, сите кои биле затекнати во барот и кои учествувале во оргијата се казнети со парични казни.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com