Кај ученичка во основното училиште „Кочо Рацин“ бил најден список со имиња, а кои се соодејствувале со имиња од нејзини другари.
Девојчето има под 14 години, а за случајот е запознаена и полицијата. Веќе од вчера се преземаат дејства за расчистување, известени се и родителите. Содржината на писмото не се открива, а повеќето медиуми известуваат дека станува збор за заканувачка содржина.
„47- годишна жена пријавила дека во основно училиште на подрачје на Центар ученичка во училиштето направила список со закани за соученици. Известена е директорката на училиштето, Центарот за социјални работи и јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.
„Известени сме за случајот. Тој се документира“, велат од Обвинителство.
Ова доаѓа откако во Србија се случи масакр, а потоа кај детето кое го изврши злочинот беше пронајден список со имиња, а накои биле повредените и убиените.