16-годишна девојка од Романија е обвинета за обид за убиство откако го избола својот учител во грб.
Страшен инцидент се случил минатата недела во канцеларијата на директорот на едно училиште во Орадеа, во време кога директорот и мајката на девојчето биле во канцеларија.
Ученичката, која била одлична, била повикана со мајка си на разговор со директорот откако дежурниот го пронашол нејзиното момче (15) во нејзината спална соба.
Девојката дошла на интервју, криејќи нож во џебот од јакната. Следела дискусија со наставничката и педагогот зошто нејзиното момче дошло вечерта во спалната соба, по што девојката кога наставникот се свртел, извадила нож и му го забила сечилото во грб.
„Се расправаа лице в лице и во еден момент кога наставникот се сврте таа извади нож. Откако го избоде, побегна од канцеларијата и повикавме брза помош“, изјави директорката на училиштето Алина Котка.
Девојчето било фатено во училишниот двор, а наставникот итно бил пренесен во болница, каде му била извршена операција. Лекарите велат дека е во тешка, но стабилна состојба.
Иако не е познат мотивот за нападот, момчето на малолетничката тврди дека „наставникот флертувал со неа“ и дека му се пожалила за тоа.
Сите наставници во училиштето се шокирани од инцидентот. Велат дека девојката била одлична ученичка, дека земала школарина и дека никогаш немале проблем со неа.
Од друга страна, момчето тврди дека до ескалација довел односот со наставникот.
„Тој флертуваше со неа, а таа го одбиваше. Ми даде пари таа вечер да одам во нејзината спална соба, за да дојде до скандал и да ја избркаат од училиште“, тврди 15-годишното момче.
Директорката на училиштето вели дека е запознаена со изјавата на момчето и дека го прашала зошто не и го пријавил случајот.
Педагогот на училиштето вели дека не бил свесен за проблемот, и дека никогаш немал проблем со ученичката.
„Таа е тивка девојка, никогаш не сум имал проблем со неа, ниту во училиште, ниту во интернат“, вели педагогот.