Рускиот јутубер Виталиј Здороветски си го скрши ‘рбетот и вратот по скок со падобран. Тој на својот Инстаграм профил истакна дека учи повторно да оди.
-Ви благодарам за сите ваши пораки. Извинете ако не одговорам, ама или спијам или не можам да го користам телефонот од болка. Го скршив ‘рбетот и вратот, сега учам како да одам повторно, но ќе биде добро, – рече 28-годишниот јутјубер.
Инаку, Витали Здороветски има преку 10 милиони следбеници со кои постојано споделува сè што прави. Тој порано работеше како чистач и келнер, сè додека не реши да прифати улога во порно филм. Потоа стана популарен, но вистински се прослави со „Зомби напад во Мајами“ кога се маскираше во бездомник и ги плашеше минувачите во најсиромашните делови на градот.