По налог на Обвинителството за организиран криминал и корупција, МВР утринава уапси десетмина граѓани. Поголем број од нив се вработени во Министерството за транспорт и врски.
Според СДК, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој е во куќен притвор, државен правобранител за Град Скопје, околу 5 вработени во Министерството за транспорт и врски, нотари, вработени во Катастар и еден бизнисмен, кој требало да ги работи Шпанските скали, се апсат утринава од МВР, по наредба на Обвинителството за организиран криминал и корупција.
Тие од ОЈО се уапсени за злоупотреба на службена положба и овластување.
Акцијата е резултат на неколку месечна сеопфатна предистражна постапка. Меѓу осомничените има поранешни високи функционери, административни службеници и лица кои вршат работи од јавен интерес.