Утринава околу 5 часот наутро повторно изби пожар на скопската улица Рузвелтова. Гореше, во близина на фабриката „Треска“.
Според командирот на противпожарната единица, Ѕвонко Томевски пожар избил во дуќанот за бои и лакови кој се наоѓа во непосредна близина на ,,Треска,, веднаш е интервенирано и пожарот е изгаснат.
Инаку, по вчерашниот пожар, улицата Рузвелтова кај Треска е затворена. Автомобилите се пренасочуваат на соседните улици. Пожарникарите и денеска ќе бидат присутни на локацијата да не се појават нови огнени џебови.
Жителите од околните згради се вознемирени поради пожарите, велат дека се чувствуваат несигурно особено по вчерашните случувања кога беа евакуирани.