Денеска се навршуваат три години од смртта на црногорскиот актер Маринко Маџгаљ. Тој почина на 37 години, на 26 март 2016 година, по долгата битка со ракот на панкреасот.
Пријател на актерот Душан Ковачевиќ, открил дека само 20 дена пред својата смрт тој се крстил во црногорскиот манастир Острог. Исцрпен, блед и болен, на почетокот на март 2016 година Маринко со Душан заминал да се крсти.
– Пред 20 дена Маки ме повика и ми рече дека сака да му бидам кум. Тоа за мене беше голема привилегија. Не бев крстен, па прво морав прво да ја примам светата тајна за да бидам негов кум. Се крстив под Острог, раскажува Ковачевиќ.
– Не го прашав зошто сакаше тоа да го направи. Кога сакаше да зборува за нешто, Маринко самиот си кажуваше, никој не мораше да го тера. Кога не сака за нешто да зборува, едноставно неќе. Само ми рече дека почуствувал потреба да се крсти. Не разговаравме за неговата болест. Тоа не го сакаше, не размислувавме за крај. Зборувавме за плановите, што е се пред нас и кои сонови треба да се остварат.
Инаку, семејството на Маџгаљ вчера напиша куса и емотивна објава која излезе во српските весници.
„Те сака, тагува и не те заборава… Твоето семејство“, стои во објавата.