УСПЕШНА АКЦИЈА: Десет спасувачи ги вадеа Македонците од провалијата во Пирин

by Тони Зографски

Синоќа околу 21 часот, во Пирин се спасени петте македонски сноубордери кои скијале надвор од утврдените места при што паднале во провалија, пренесоа медиумите од соседна Бугарија. Сите пет македонски граѓани, етнички Албанци, се во добра здравствена состојба.

Сигналот за инцидентот бил пријавен во Горската служба за спасување во Банско во 18 часот. Спасувачката акција во која учествувале десет планински спасувачи се одвивала под многу тешки услови. Со помош на јажиња, сноубордерите биле извлечени од провалијата. До 21 часот тие веќе беа извлечени на безбедно место.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com