Македонската фудбалска репрезентација ја продолжува серијата на успешни резултати. Во вториот меч од квалификациите за Европското првенство, македонските фудбалери одиграа 1:1 во Љубљана против старите муштерии Словенците против кои имаме претходно 3 победи и еден пораз.
Македонија по првите 45 минути имаше негатива од 0-1 на „Стожице“, откако Зајц ја затресе мрежата на Столе Димитриевски, но нашите репрезентативци се вратија во игра на почетокот на второто полувреме. По една голема грешка на одбраната на Словенија, Езгјан Алиоски ја собра топката и испрати одлична асистенција до Барди, кој погоди за 1-1.
Интересно е што за Словенците резултатот 1-1 е петти во низа.
На останатите мечеви од нашата група Полска со 2-0 ја совлада Латвија, а Изреал со 4-2 Австрија. Следниот меч го играме на 7 јуни во Скопје против Полска.