Американската пејачка Ријана (32) се појави во градник во боја на кожа што ги истакнуваше нејзините гради, а кога наиде на негативен коментар од една хејтерка, и одговори во свој стил и засекогаш и ја „затвори устата“.
Имено, убавата пејачка на својот Инстаграм објави фотографија на која на лицето нанесе заштитен фактор, стави капа преку очите и го откри бујното деколте, како и брадавици кои се оцртуваа во речиси проѕирен градник.
„Само сакам да го заштитам својот меланин додека се обидуваат да го искоренат“, напиша Ријана, рекламирајќи го својот бренд „Fenty Skin“ Оваа фотографија ја лајкуваа над 4,5 милиони следбеници, а покрај позитивните коментари, се јави и една критичарка.
– Сега е зима – напишала една девојка во коментарите на Инстаграм, мислејќи дека на Ријана повеќе не и треба заштитен фактор кога ќе излезе од куќа, бидејќи сончевото зрачење не е повеќе силно.
– За мене тоа е незнаење. Ќе имаш брчки ако мислиш дека SPF постои само сезонски. Но, само продолжи така “, одговори Ријана.