Руските медиуми јавуваат за урнебесната драма што се одвивала на петтиот кат од станбена зграда во рускиот град Липек со половина милион жители, а вклучува и видео од гол маж кој бега од станот – преку балкон.
Стотици граѓани ја следеа расправијата меѓу гол маж и жена на авенијата Побједа. И таа беше без облека.
Потоа се спушта на балконот долу и исчезнува во станот.
Во меѓувреме на местото на настанот пристигнала полиција и вработени во Министерството за вонредни состојби.
Во следната сцена на видеото, која се споделува на социјалните мрежи, го гледаме истиот човек кој успеал некаде да најде гаќи.
Се наоѓа на надворешната единица за климатизација на истата зграда. Тој е видно нервозен и се обидува со нога да го скрши прозорецот, но безуспешно.
Потоа се скршила конструкцијата на клима уредот, а мажот паднал на платото, каде го пречекале бесните соседи и полицајци.
Според локалните медиуми, тој бил нападнат од човек со лопата, а на помош му дошле полицаец и лут сосед. Откако бил соборен, пристигнал човек со палка. Потоа бил уапсен и му била укажана лекарска помош.
Голый мужик убегал по балконам с пятого этажа в Липецке.
Его преследовали менты, толпа разъярённых мужиков, пожарный, а провожала голая женщина.
Липецк, что у вас там происходит? pic.twitter.com/cXlsMvXJAI
— ©Иваныч (@Sergey07830850) June 2, 2023