Од Град Скопје информираат за уништен видиковец на врвот на Водно. Како што соопштија градските власти на „Фејсбук“, непознати сторители деновиве на јужната страна на врвот на Водно уништиле видиковец. При вандалскиот чин урната е дрвената конструкција, а потоа истата е скршена и запалена.
„Непознати сторители деновиве уништиле еден видиковец на јужната страна на врвот на Водно. При вандалскиот чин урната е дрвената конструкција, а потоа истата е кршена и палена. Град Скопје апелира до граѓаните да ја чуваат и одговорно да се однесуваат со поставената урбана опрема во парк-шумата Водно и на сите други јавни површини во градот“, пишува на Фејсбук страницата на Град Скопје.