Урната на починатиот Зафир Хаџиамнов кој вo март ја изгуби битката со коронавирусот е положена во Алејата на заслужените граѓани во Белград во присуство на негови блиски пријатели и почитувачи на неговиот живот и дело.
Неговиот син Васил Хаџиманов на својот Фејсбук профил напиша:
„За сите пријатели и почитувачи на животот и делото на Зафир и сите кои сакаа да оддадат почит на мојот татко. Вчера беше положена урната на Зафир во Алејата на заслужените граѓани (нов дел). Слава му!“.