Компанијата “Amazon” се извинила што ги негирала тврдењата дека нивните работници во текот на работното време уринираат во шишиња, признавајќи во блог дека тоа било погрешно. Соопштиле дека тоа прашање ги мачи возачите, а не вработените во складиштата кои ги има многу ширум САД.
Првиот извештај е дека праксата за уринирање во шишиња во “Amazon” е нормална, се појавил во 2018-та година во книгата на британскиот новинар Џејмс Бладворт, кој едно време работел во складиште на “Amazon” под лажен идентитет за да истражи што се случува таму.
Како што навел тогаш, наишол на шише сокриено на полица и заклучил дека еден работник се олеснил бидејќи не смеел да оди во тоалет.
Се до ова неодамнешно извинување, “Amazon” категорично тврдел дека таквите наводи не се вистинити.
“Не е дека верувате дека луѓето навистина уринираат во шишиња? Ако е тоа вистина, никој не би работел за нас”, стоело во еден твит на компанијата. Порталот “Intercept” покажал и документи кои докажуваат дека “Amazon” одамна знае со што се соочуваат работниците и тоа упорно го негира.
Потсетуваме, кон крајот на март “Intercept” објавил дека уште во мај 2020-та година примил мејл од работници кои се жалат дека се принудени да уринираат во шише и да се олеснуваат во кеси додека вршат достава.
“Вечерва еден соработник пронашол кеса со човечки измет во кеса од “Amazon” која возачот ја вратил во станицата. Ова е трет пат во последните два месеци, во станица да е вратена кеса со измет. Разбираме дека возачите можеби не можат да имаат итна ситуација додека се на пат и дека, посебно во време на ковид, тешко наоѓаат тоалети додека вршат достава, но тие никако не смеат да вратат кеса со измет назад во станицата”, стои во мејлот од логистичката служба, што покажува дека управата и тоа како знае за оваа пракса.
Во мејлот се наведува дека во кесите се пронајдени и разни видови на отпад како маски, ракавици и шишиња со урина.
“Многу лесно можеме да утврдиме на кој работник му припаѓаат бидејќи кесите имаат QR код. Ваквото однесување е неприфатливо”, додале.
Работниците во “Amazon” за “Intercept” рекле дека за ова прашање се расправало и интерно, но дека возачите биле принудени на тоа бидејќи во спротивно би останале без работа поради многуте пакети кои не се доставени.
Хејли Мари Браун од Калифорнија, работела како возач за “Amazon” се до 12-ти март, кога дала отказ.
“Тоа често се случува бидејќи сме принудени на тоа, во спротивно ќе ја изгубиме работата бидејќи не сме доставиле доволно пакети”, рекла таа.
Во еден мејл кој Браун го добила пишувало: “Наутро мора да проверите дали во вашето возило има ѓубре или шише со урина. Доколку пронајдете шише, му пријавувате на вашиот претпоставен. Возилата се прегледуваат, а доколку се пронајде шише со урина, ви следува отказ”.
Веќе имаме пишувано и за еден вработен, која на социјалната мрежа “Imgur” се претставил како “Somethingslightlyclever”, кој опишал како изгледа работата во складиште на “Amazon”.
“Ужасно е. Тоа е најздодевната, најзатупувачката работа која можете да си ја замислите. Квоти…цело време ве тераат да бидете побрзи, до моментот кога нема да одите во тоалет бидејќи сакате да исполните квота. Всушност, многу луѓе ги прескокнуваат своите паузи за да не заостанат во квотите”, навел анонимен работник.
Голем проблем претставува и тоа што работниците на оваа компанија сакаат да се здружат во синдикат и така да се изборат за своите права.