Уредникот на хрватски РТЛ и познат водител Зоран Шпрајц доживеа инфаркт. На Шпрајц му е вграден стент и се чувствува добро.
“ Никогаш, ама баш никогаш немојте да мислите дека сте попаметни од своето тело. Кога ќе вѝ рече доста, верувајте дека е навистина доста “ – напиша Шпрајц кој мора да ги остави цигарите.
Познатиот водител и пред шест години исто така доживеа поблаг инфаркт. Тогаш, како што изјавил, имал страшна болка во градите, па лекарите му вградиле стент.
Инаку, Зоран Шпрајц на почетокот на година имал дури 125 килограми, па почнал да вежба, a го сменил и начинот на исхрана.