Руски нобеловец, кој се противи на руските напади во Украина, бил нападнат и полеан со црвена боја во воз.
Непознат напаѓач во воз го полеал со црвена боја Дмитриј Муратов, добитник на Нобеловата награда за мир и главен уредник на Новаја газета, како и еден од ретките преостанати независни новинари во Русија. Муратов се противи на руската инвазија на Украина.
Новаја газета објави информација за нападот и фотографии од својот главен уредник и од купето во возот полеано со црвена боја.
„Мене и целото купе ме преплавија со маслена боја со ацетон. Очите страшно ме печат. Напаѓачот рече: ‘Муратов, ова ти е за нашите момчиња’“, изјави рускиот нобеловец.