Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, ќе остане на функцијата и ќе го одработи до крајот договорот кој има важност со истекот на цеиклусот квалификациите за Европското првенство во 2024 година. Ова значи дека до ноември ќе ја предводи селекцијата на Македонија во квалификациите. Вака одлучија членовите на УО на ФФМ на денешната седница.
Ниту изјавата на капитенот Стефан Ристовски дадена преку социјалните мрежи, дека привремено се повлекува од националниот тим, затоа што не е до добри односи со селекторот Милевски, не влијаеше да биде разнишната довербата на ФФМ кон актуелниот предводник.
Оваа одлука става крај на шпекулациите дека Македонија ќе има нов селектор до крајот на договорот на Благоја Милевски. Имаше информации во кои се споменуваа имињата на Владан Милојевиќ и на Миодраг Божовиќ како можни наследници на Благоја Милевски.