Кортни Сантијаго (32) тврди дека умрела и била во Рајот 40 секунди. Таа имала срцев застој откако била подложена на магнетна резонанца во јули 2022 година за да ја провери состојбата на нејзиното тело бидејќи има предиспозиции за рак на дојка.
Сè се случило во моментот кога поради претрпен стрес доживеала вазовагална синкопа. Тоа е губење на свеста поради привремен прекин на дотокот на крв во мозокот, што предизвикува ненадеен срцев застој, при што пулсот нагло опаѓа, како и вредностите на крвниот притисок.
Ништо не беше важно
Како што раскажува Корни, почувствувала како се лизга во светот на соништата и одеднаш се нашла на плажа пред маж кого никогаш не го запознала, но чувствувала како отсекогаш да го познава.
– Бев мртва само 40 секунди, но чувствував како тоа да беше цел живот. Не бев загрижена дали ќе го напуштам моето тело, мојот живот, мојот син или моето семејство. Ништо од тоа не беше важно. Не постоеше концепт за време, само чувство на целосен мир – го опишува Кортни своето искуство.
Како што вели, човекот што го запознала ѝ рекол да не се грижи, дека сè ќе биде во ред и дека нејзиното време сè уште не е дојдено.
– Одеднаш, од плажата се најдов на планина. Тоа беше куќата од моето детство, градината во која играв како дете и каде што најмногу чувствував поврзаност со Бога – додава таа.
Кога се разбудила, Кортни не можела да се движи бидејќи телото ѝ било целосно вкочането, не можела да зборува, само немо зјапала сфаќајќи дека се вратила во живот.
На ова нејзино искуство му претходеле два тешки емоционални пада, тешко раскинување и смрт на близок пријател.
– Од почетокот на прегледот имав лошо чувство, точно знаев дека нешто ќе се случи, иако тоа беше рутински преглед. 100 % сум сигурна дека тоа што го доживеав не беше само обична несвестица, туку дека се најдов во Рајот – изјавила Кортни.
Втора димензија
Следеа бројни коментари од нејзините придружници.
– Пред да умре татко ми ми кажа дека ме „видел“ во различни периоди од мојот живот. Тој никогаш не се дрогирал и верувам дека тогаш имал просветление непосредно пред смртта –
– Мила, ти верувам целосно. Имав слично искуство минатата година кога поминав четири дена во кома поради срцев удар. Се чувствував како да сум во друга димензија, тоа беше неверојатно искуство –
– Неодамна изгубив некој многу близок. Ова ми даде мир и сила да продолжам понатаму. Благодарам – беа само дел од коментарите на нејзината објава.