Бугарскиот тенисер Григор Димитров и американската глумица, пејачка и модел, Никол Шерзингер, веќе долго се во врска. Тој во едно интервју искрено проговорил за врската со Никол.
„Понекогаш со Никол не се слушам со денови, бидејќи и двајцата сме посветени на работата. И реков дека тенисот за мене е на првото место и дека тоа може да го прифати или да ме остави. И’, прифати“.
Никол пред Димитров беше во врска со шампионот на Формула 1, Луис Хамилтон, додека Димитров бил со колешките Серена Вилијамс и Марија Шарапова. Во моментов тие се веројатно најпознат пар во светот.