Пејачката Калиопи на својот профил на Инстаграм објави видео со својот татко под кое напиша:
„Кога бев мало девојче, најмногу сакав да гледам како татко ми се бричи … Веројатно заради неговите вешти и елегантни движења .. Тој секогаш ќе ја искористеше мојата концентрација и фасцинација за да ми стави пена за бричење на носот во неочекуван момент за мене! Целата среќна и насмеана, ќе истрчав кај братот и сестрата на мајка ми за да си поиграм малку кловн … И сега, после толку години, улогите се сменија … И можеби ова е многу помило и поубаво за мене .. . Еден од моите најомилени моменти во изолација … бричење на брадата на тато … И јас се усовршив … Како да пишувам една од моите најубави песни.“