Неверојатната храброст и сила на Украинките за време на руската инвазија го воодушевува целиот свет, а оваа приказна секојдневно добива нови продолженија, пренесуваат странските медиуми.
Имено, една мистериозна снајперистка чиј вистински идентитет не е познат во јавноста, неодамна почна да кружи на социјалните мрежи, а поради нејзиниот потег Украинците веќе ја нарекуваат национален херој. Жената која го крие своето лице со шал е позната под прекарот Угљенка, а симбол на украинскиот отпор против руските агресори станала кога станала дел од првата борбена линија, ветувајќи дека ќе се бори до крај.
„Ова не се луѓе. Дури и фашистите не биле толку подли. Мораме да ги истераме“, рекла таа. „Дефинитивно ќе победиме. Ќе останам до крај“, рече таа.
Нејзините фотографии масовно почнаа да кружат на социјалните мрежи предизвикувајќи лавина коментари. Меѓу другото, некои тврдат дека таа е женска верзија на „Духот од Киев“ – митскиот бестрашен пилот кој досега наводно соборил неколку руски воени авиони.
Снајперистката им се придружила на украинските маринци уште во 2017 година и се борела против проруските сепаратисти во Доњецк и Луганск, на истокот на земјата.
Иако првично ја напуштила војската во јануари оваа година, по еден месец повторно се вратила во редовите на 35-та пешадиска бригада.
Угљенка ја споредуваат со легендарната Украинка Људмила Павличенко која убила 309 нацисти во Втората светска војна и се смета за најуспешната снајперистка досега. Павличенко на крајот го доби највисокото признание на нејзината земја – херој на Советскиот Сојуз, а по војната нејзиниот лик се појавил и на поштенски марки. А во 2015 година беше снимен игран филм за неа.
Да потсетиме, жените се сосема нормална појава во украинската армија, а откако изби војната, повеќето од нив воопшто не се двоумеле да земат оружје и да го заменат своето секојдневието со бојно поле. Според податоците од почетокот на инвазијата, украинската војска ја сочинуваат дури 17 отсто жени.