Само неколку минути откако беше објавено дека се урнал рускиот транспортен авион „Иљушин-76“ со кој се превезувале украински затвореници, пристигна нова вест.
Според Игор Сушко, дописник на британскиот „Индепендент“ од Киев кој се повикува на украински воени извори, рускиот „Ил-76“ бил соборен од системот „патриот“. Тој на социјалната мрежа Х навел дека оваа информација му е потврдена. Истото го објави и пратеникот на Државната дума Андреј Картаполов.
Тој истакна дека зад авионот летал уште еден „Ил-76“ со 80 затвореници. Тој бил вратен. Според него, авионот бил соборен со три ракети „патриот“ или „ирис Т“.
Сушко наведува, повикувајќи се и на воени извори, дека „Иљушин“ носел ракети С-300 и дека веста за затворениците е лага.
На социјалната мрежа X кружи видео на кое се гледа моментот кога паѓа „Иљушин“, по што одекнува силна експлозија.
https://twitter.com/i/status/1750095213174153292
Гувернерот на регионот Болгород потврди дека имало „инцидент“, но одбил да изнесе други детали.
Ниту портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков не сакал да даде никаков коментар.
Russian plane carrying 74 people crashes in Belgorod region. Nobody survived.
"65 of those on board were Ukrainian servicemen" https://t.co/VX0PYZAKU2 pic.twitter.com/BLpDj3spWm
— Russian Market (@runews) January 24, 2024
Според наводите на руските Телеграм канали, загинале сите кои биле во авионот.
Украинските медиуми кои првично објавија за падот на рускиот авион со украински затвореници, кои требало да бидат разменети, ја избришаа веста од нивните платформи.