УКРАИНСКАТА манекенка и поранешна зајачица на Плејбој, Даша Астафиева, деновиве помага во кујната, лупи компири, краставици и друг зеленчук за украинските војници.
На својот Инстаграм стори Даша објави низа видеа и фотографии од сегашното работно место каде што волонтира, на кои може да се види како таа, вредно облечена во униформа подготвува оброци за војниците. Таа се сликала заедно со други жени во кујната со намирниците
На својот инстаграм-профил, Даша ги бодри бранителите на нејзината татковина кои веќе неколку дена се на бојното поле обидувајќи се да се справат со руската агресија.
„Воини, бранители, сите ќе успееме. Ви благодарам за волјата, големата храброст и сила“ напиша таа на својот инстаграм-профил.
Даша беше девојка на месецот во Плејбој во јануари 2009. година, а воедно и 55-та „playmate“ по повод 55-тиот роденден на тоа познато списание.