Младата 20-годишна Украинка, Јана Хладичук беше дел од натпреварувачките во дисциплината скок со стап и пред нејзиниот настап на своето лице напиша „стоп за војната“ и веднаш стана хит на социјалните мрежи.
– Некако успеавме да пристигнеме во Белград, јас патував 2000 километри и ми требаа три дена. Сега сме во Белград, но со мислите сме во Украина и сакаме да ја преставиме нашата земја на најдобар можен начин – изјави Јарослава Махучин, која стана светска шампионка во скок во височина.
Хладичук на крајот заврши на четвртото место, а нова светска шампионка е Американката Санди Морис.
ФОТО: Ројтерс