УКРАИНА ПОБЕДИ НА ЕВРОВИЗИЈА: „Калуш Оркестра“ ги освои срцата на публиката (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Синоќа се одржа финалето на 66. издание на Евровизија, а по гласањето на жирито и публиката беше објавено дека победник на годинашниот фестивал е Украина со освоени 631 глас.

Победата отиде во рацете на „Калуш Оркестра“ од Украина, чија песна „Стефанија“ беше избрана за најпопуларна во конкуренцијата од 40 земји-учеснички.

Ве молиме помогнете ѝ на Украина, на Мариупол. Помогнете му на Азовстал веднаш“, кажа пејачот Олех Псиук на сцената по настапот на неговиот бенд.

Ова е трета победа на Украина на Евросонг.

Второто место му припадна на претставникот на Обединетото Кралство, третото на Шпанија, четврта беше Шведска, а Констракта од Србија заврши на петото место.Според правилата, победничката евровизиска песна е избрана од жири-комисија составена од експерти од музичката индустрија, но и од гласовите на публиката.

Според гласовите на стручната жири-комисија, најмногу гласови освои Обединетото Кралство – 283. Но, по пребројувањето на гласовите на публиката, стана јасно дека Украина е овогодишниот победник на Евровизија.

Македонија 12 гласа и даде на Шпанија, а 10 на Србија.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com