Двајца маскирани разбојници влегле во станот на Северина, кој се наоѓа во Загреб. Разбојниците наводно ги однеле накитот и сите вредни работи од станот. Во станот била само домашната помошничка која не е повредена.
Синоќа до касно во ноќта пред станот на пејачката имало дури шест полициски возила и вриело од полиција.
Нејзиното соседство инаку е покриено со разни камери, а едната е сместена во куќата преку улицата под чудни околности.
Полицијата не можела да го квалификува случајот како разбојништво или напад врз имот.
ФОТО: 24sata.hr