Двата тона марихуана што во четвртокот беа украдени од погон во валандовското село Јосифово, синоќа се пронајдени во скопско Арачиново, објави ТВ Телма по синоќешната полициска акција во тој дел од главниот град.
Претходно, ТВ 21 објави дека оклопни возила се наоѓаат пред селото Арачиново. Неофицијално, запленета е голема количина на дрога и оружје.
Извори од полицијата потврдија за медиумите дека е најдена украдената марихуана и дека ќе следуваат повеќе информации.
Вчера во Арачиново повеќе десетици полицајци, меѓу кои и припадници на специјалните и посебните полициски сили, како и инспектори од крим-техника ја реализирале оваа акција.
Инаку, марихуаната со тежина од два тона беше украдена од погон за преработка во валандовско Јосифово, во четвртокот наутро. Товарот бил сместен во камион во 200 кутии кој заминал од погонот, а чуварот пријавил дека станува збор за грабеж.