Џесика Алба покажа како ужива на Хаваите на одморот со своите три деца, среде разводот од Кеш Ворен. Имено, таа на Инстаграм објави серија фотографии од семејниот одмор, на кои ја истакна и својата совршена фигура.
Нејзините најнови објави од одморот привлекоа големо внимание на социјалните мрежи, покрај децата, на Џесика и се придружија и нејзините пријатели, а секако, тука се и интересните фотографии во бикини.
Не е првпат и воопшто не е изненадување актерката да нè воодушеви со својот изглед по три породувања, но успеа повторно да го направи тоа.
Џесика објави фотографија на која лежи на песок и гледа во водата, а сите веднаш го коментираа нејзиното тело во црно бикини.
Тоа беше само една од низата фотографии кои ги „урнаа“ социјалните мрежи и можеби го растажија Кеш Ворен додека гледа што изгубил…
Џесика и Кеш се разведуваат по 17 години брак и три деца, а судскиот спор ќе одреди што ќе биде со нивниот заеднички имот. Тие се запознаа во 2004 година на сетот на филмот „Фантастична четворка“, тој беше асистент во продукција.