Ева Лонгорија беше фотографирана на летен одмор во Италија, а вниманието на многумина го привлече со својата завидна фигура.
Одмарала на јахта на островот Капри со сопругот Хосе и синот Сантјаго.
Инаку, минатата недела беше присутна на филмскиот фестивал во Таормина каде го промовираше својот најнов филм „Tell It Like A Woman“.
Поделен е на шест дела, а во него играат и Кара Делевињ и Џенифер Хадсон. Лонгорија има уште неколку проекти во фаза на реализација.
Наскоро ќе започне со снимање на „All-Star Weekend“ со Џејми Фокс и Џереми Пивен. Првично требаше да биде премиерно прикажан во 2018 година, но поради непредвидени околности беше одложен.
Ќе глуми и во „Aristotle and Dante Discover the Secrets of the Universe“.