Меган Маркл и принцот Хари синоќа присуствуваа на гламурозна гала забава по повод Денот на ветераните во САД и Денот на примирјето во Велика Британија.
Меган се појави со долг црвен фустан со шлиц на предниот дел и деколте, нешто што не е карактеристично за припадниците на кралското семејство, но откако веќе не живеат по кралските правила, Меган ужива во слободата.
На нозете носеше соодветни штикли од Џузепе Заноти од сатен од 350 долари.
Хари носеше црн костум и бела кошула, а на сакото беа закачени неговите медали. За разлика од другите воени лица на настанот, Хари не ја носеше неговата униформа бидејќи не смее – откако ја напушти Англија, му беа одземени воените титули, а со тоа и униформата..
Новинарите ја прашале Меган дали е горда на својот сопруг, а таа одговорила:
„Секогаш сум горда на него!“
Принцот Хари нагласи дека сега „го живее американскиот сон“.
Сè уште никому не му е сосема јасно што прави Хари во Америка и од што живее неговото семејство. Неодамна излезе нивната нова книга, како и книгата бајки на Меган Маркл. Тие се прославија со интервјуто со Опра Винфри кое го крена светот на нозе.