Повеќекратната Грен слем шампионка, убавата Русинка Марија Шарапова ужива во пензија, а по долго време се појави во јавноста.
Имено, Шарапова прошета на црвениот тепих во Лос Анџелес на настанот „Fashion Trust“ и го воодушеви фановите.
Екс тенисерката од 2020 година ја нема на тениските терени, сега Марија е посветена на приватниот бизнис.
Шарапова која во кариерата беше и најдобра светска тенисерка, има освоено 4 Грен слем титули, две на Ролан Гарос и по еден трофеј во Вимблдон и Мелбурн.