УЖИВА ВО ПЕНЗИОНЕРСКИТЕ ДЕНОВИ: Фергусон секоја недела добива по 280.000 евра

by Тони Зографски

Сер Алекс Фергусон се пензионираше пред девет години, но и во пензија заработува многу добро, затоа што британските медиуми откриваат дека еден од најдобрите во историјата неделно добива по 280.000 евра.

Фергусон го предводеше Манчестер јунајтед повеќе од две децении, а притоа освои 13 титули во Премиерлигата, како и две во Лигата на шампиони (ЛШ).

Иако девет години не е активен во светот на фудбалот, сепак добива пари од различни страни, а најпрво од неговите книги, но и од поранешниот клуб кој му дава два милиони евра годишно за да биде амбасадор на тимот.

Бившиот тренер има инвестирано и во некои бизниси кои исто така му носат пари. Се шпекулира дека вкупната вредност на неговите компании изнесува околу 50.000.000 евра. Само минатата година заработил 15.000.000 евра. Исто така добива пари и кога ќе се појави во јавност да држи мотивациони говори.

останати вести