Фергусон го предводеше Манчестер јунајтед повеќе од две децении, а притоа освои 13 титули во Премиерлигата, како и две во Лигата на шампиони (ЛШ).
Иако девет години не е активен во светот на фудбалот, сепак добива пари од различни страни, а најпрво од неговите книги, но и од поранешниот клуб кој му дава два милиони евра годишно за да биде амбасадор на тимот.
Бившиот тренер има инвестирано и во некои бизниси кои исто така му носат пари. Се шпекулира дека вкупната вредност на неговите компании изнесува околу 50.000.000 евра. Само минатата година заработил 15.000.000 евра. Исто така добива пари и кога ќе се појави во јавност да држи мотивациони говори.