Пенелопе Круз (47) напорно работи на нејзиниот нов филм „L’immensita“ кој се снима во Италија, а овие неколку денови е на заслужен одмор со сопругот Хавиер Бардем (52).
Парот, кој е во брак од 2010 година, беше забележан на една од плажите на полуостровот Монте Аргентарио како се бања и ужива во сончевиот ден, заедно со нивните деца.
47-годишната Пенелопе носеше бикини во црна и бела боја и големи сребрени обетки, а покажа дека изгледа подобро од кога било и времето дефинитивно застанало за неа. А пак, нејзиниот сопруг е забележан во сосема опуштено издание, со несредена брада и е малку поразличен од шармантниот актер кој го гледаме на црвен тепих.
По пливањето, парот продолжи со уживање на плажата, заедно со нивните деца – 10-годишниот Лео и 8-годишната Луна.