Ова е ужасен момент кога младоженецот ја претепал својата нова сопруга на нивната венчавка откако „откачил“ бидејќи невестата ја добила играта за време на наздравувањето во Узбекистан. Младенците биле на сцената кога морале да учествуваат во извесна игра, која требала да ги забави и нив и гостите.
Невестата победила во играта, а кога младоженецот од пеколот сфатил дека е поразен, налутено ја удрил со тупаница по тилот.
Шокираната и вознемирена невеста ја ставила раката на главата, пред да ја крене белата венчаница од подот и да се симне од бината со помош на две жени.
Инаку, церемонијата е одржана во Узбекистан, земја која има историја на договорени бракови, иако тие денес се поретки. Не е јасно дали и во случајов станува збор за договорен брак.