Руската јавност деновиве е потресена од ужасниот настан што се случил во регионот Самара. Вјачеслав М. 34-годишен работник во фабрика за ракетни мотори, го убил својот пријател, 32-годишниот Олег Свиридов откако во неговиот телефон видел ужасна снимка како тој ја силува неговата осумгодишна ќерка.
Руската јавност смета дека на таткото што го убил педофилот не би требало да му се суди за убиство.
Според наводите на полицијата, Свиридов на мобилниот телефон чувал снимки на кои се гледа како злоставува неколку деца во селото Винтаи во регионот на Самара.
Таткото на девојчето бил на пијалок со Свиридов кога на неговиот мобилен телефон ја видел снимки на кои тој ја силува неговата ќерка која сега има девет години. Тогаш тој го нападнал Свиридов, кој успеал да побегне. Педофилот, инаку, бил близок пријател на семејството и неколку пати доаѓал да го чува девојчето при што сексуално ја злоставувал.
Вјачеслав го пријавил силувањето на локалната полиција, која покренала потрага по педофилот, но таткото успеал да го пронајде пред полицијата и го избодел со нож. Тој во полицијата изјавил дека се скарал со Свиридов во шумата и во текот на караницата тој “налетал на ножот“ и дека немал намера да го убие.
Телото на Свиридов е пронајдено во близина на селото неколку дена откако Вјачеслав ја видел снимката на мобилниот телефон. Полицијата го уапсила таткотп и покренала истрага за целиот случај.
Извори од полицијата наведуваа дека на мобилниот телефон на убиениот педофил се наоѓале и други снимки на кои тој силувал и други девојчиња на возраст од шест до 11 години.
Во меѓувреме, локалното население, но и целата руска јавност застана во одбрана на Вјачеслав и бараат да не му се суди за убиство.
„Тој не е убиец, тој ја штител својата ќерка и нашите деца. Сите сме на негова страна“, изјавил еден од локалните жителите за руските медиуми.
Во одбрана на таткото застанала и познатата руска водителка и поранешна кандидатка за председателка, Ксенија Собчак.
„Сите родители ќе застанат зад убиецот на педофил“ – изјавила Собчак.
Comments are closed.