Ужасни детали за смртта на малата Вилоу Дан (4) објавени се во вторникот вечер, пренесува Dejli mejl. Наводно, таткото Марк Џејмс Дан (43) ја оставил својата ќерка два дена да лежи мртва во кревет, а глувци и го изеле лицето.
Тој на полицијата и изјавил дека својата ќерка ја пронашол мртва во саботата навече, но не барал медицинска помош.
Полицијата соопштила дека девојчето два дена било оставено мртво во кревет, а таткото не реагирал и кога нејзиното тело го нападнале глувци.
Полицијата истражува дали девојчето кое имало Даунов синдром и растела без мајка, била изгладнувано и дали и била ускратена медицинска помош.
Нејзиното тело било пронајдено во спалната соба на изнајмената куќа во која живеела со таткото, маќеата и полусестрата.
Инаку, мајката на девојчето починала од компликации при породување.