3-годишната Зои Переира од Њујорк почина од изгореници во една тамошна болница, откако нејзиниот татко ја оставил врзана на задното седиште во заклучениот автомобил, го посипал со бензин, па го запалил.
Сведоци велата дека го виделе таткото Мартин Переира (39) кој се скрил од полицијата која се обидувала да го спаси неговото дете.
Инаку, Мартин и неговата сопруга Шерон биле разведени, а девојчето втор пат престојувало кај таткото, кога тој одлучил да го убие. Тие, претходно се бореле за старателство над нивното девојче.
Мајката изјавила дека очекувала дека Мартин ќе ја повреди нејзе, а не нејзината ќерка. Таа вели, дека вечерта и се јавил и и рекол дека повеќе никогаш нема да ја види својата ќерка.
Переира е обвинет за убиство и ја чека пресудата.