Студентката Маред Фолкс се самоубила откако по грешка и кажале дека паднала на испит и дека поради тоа нема да може да запише трета година на факултет.
Фолкс (21) студирала фармација на Универзитетот во Кардиф во Велс и го положила тестот на кој првпат паднала, но резултатите од првиот тест ги добила само по електронска пошта.
За време на истрагата, нејзината мајка изјавила дека „огромниот“ недостаток на помош од универзитетот директно довел до нејзината смрт, пренесува Би-Би-Си.
Вечерта, откако ја добила електронската пошта, се упатила до мостот „Британија“, каде подоцна било пронајдено нејзиното тело.
Следејќи го својот заклучок за самоубиството, истражувачката Кејти Сатерленд смета дека системот на Универзитетот во Кардиф за информирање на студентите за нивните резултати може да биде збунувачки.
Таа ќе се обрати до универзитетот за да побара од нив да размислат за итни подобрувања, како и дали студентите можат да добијат поголема поддршка од нивните ментори.
Родителите на студентката се во шок.
„Нѝ останаа само спомени во албумите со фотографии, како и сеќавањата на нашето девојче“, рекла Лона и Глингн Фолкс.