Осум деца се повредени во несреќата која се случила синоќа околу 20:30 часот во селото Колут кај Сомбор, Србија. Како што пренесуваат српските медиуми, додека рингишпилот на кој се возеле децата се вртел, среде возењето пукнал неговиот столб.
Три деца се тешко повредени, а пет полесно и сите биле пренесени во Сомбор со Итна помош. Нико од нив, според лекарите, засега нема повреди опасни по живот. Станува збор за можни скршеници, модринки, истегнувања. Сите повредени доживеале и голем шок, а се упатени на понатамошно дијагностицирање.
За случајот бил информиран надлежен јавен обвинител.
На лице место реагирале и екипи на Итната помош и полицијата.