Фудбалерките на Абелас Раињаса доживеале невиден хорор по мечот со Флуминенсе.
Бразилските медиуми пренесуваат дека крадци упаднале во автобус кој ги пренесувал фудбалерките по натпреварот.
Тие влегле во автобусот по својата опрема и доживеале пекол. Неколку лица влетале во автобусот со ножеви и го исфрлиле возачот. Тренерот на екипата, Бегао Силва, открил дека една фудбалерка била сексуално злоставувана.
„Се чувствувавме како да сме во хорор филм. Не можевме да спиеме после сето она што се случи, а можеше да биде и многу полошо. Ако тргнеше во друга насока, ќе имаше многу крв. Страшно“, рекла претседателката на клубот, Китерија Алвес.
Објаснето е дека напаѓачите украле торба со документи и пари.
Кога тренерот видел што се случува, повикал помош. Воената полиција пришла и со истрели во воздух ги растерала напаѓачите.
„Тоа беше ужасна ситуација. Целосен очај. За жал, тоа се случи“.