Млада мајка од Белорусија, Јулија Шарко почина на нејзиниот 21 роденден откако се затворил прозорецот од семејниот автомобил и и го стегнал вратот. Претходно, Јулија се обидела да ја извади двегодишната ќерка од автомобилот „БМВ“ низ полуотворен прозорец на совозачката страна кога девојчето случајно го притиснала копчето за затворање на прозорецот. Тој автоматски почнал да се затвора и да го притиска вратот на Јулија, а таа почнала да се гуши.
Таткото ги нашол ќерката и мајката која била без свест, го скршил прозорецот и ја извлекол жената. Таа била пренесена во болница, но по осум дена починала поради задушувањето, што довело до изумирање на мозокот.
Јулија претходно со своите пријателки го славела својот роденден.
Инаку, брачната двојка имале две ќерки, Маргарита и Аријана.