УЖАС ВО РУСИЈА: Поп посвоил 70 деца, осуден е зашто ги силувал (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Рускиот суд осудил поранешен православен свештеник на 21 година затвор за голем број кривични дела злоупотреба на деца, вклучително и силување.

Би-би-си пишува дека Николај Стремски посвоил 70 деца и работел во парохија во југозападна Русија.

Стремски бил награден со „Национален орден на родителска слава“, а неговото семејство било познато како најголемото руско семејство.

Тој и неговата сопруга воделе згрижувачки дом во градот Саракташ од раните 90-ти, посвојувајќи деца од сиропиталиштата во регионот.

Повеќето од 70 што ги посвоиле оттогаш, пораснале.Тој бил уапсен во 2019 година и била покрената истрага за злосторствата против седум малолетници, а обвинувањата ги нарекол клевета.

Минатата година, една од неговите возрасни ќерки и нејзиниот сопруг добиле условни казни за незаконско ограничување на слободата на децата.

Судот му изрекол забрана за работа со деца на 20 години, а претходно споменатиот медал му е одземен.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com