Во затворот во Падинска Скела во Србија на почетокот на февруари починал затвореникот С.Б. на 70 години.
Како што неофицијално дознава Блиц, смртта се сомничи дека е последица на силување со рачка од метла, при што биле повредени внатрешни органи.
Обдукцијата ќе ја открие точната причина за смртта.
Блиц неофицијално дознава дека починатиот бил осуден на 30 дена затвор за прекршување на Законот за јавен ред и мир.
Обвинителството наредило истрага за да се утврдат сите детали за неговата смрт. Се верува дека мажот некое време бил малтретиран од другите затвореници.
По трагичниот настан, управникот на затворот бил разрешен, јавува Блиц.
Инаку, Падинска скела е најмодерниот затворски комплекс во Србија, воедно и озлогласен затвор во кој се сместени тешки криминалци, а со години тој казнено-поправен центар го тресат сексуални скандали.