Стотици тешко повредени ги полнат ходниците, а телата на загинатите лежат по ходниците и пред болницата, додека лекарите и медицинските сестри работат под огромен притисок.
Репортерот на Би-Би-Си на арапски јазик Аднан Елбурш и неговиот снимател донесоа шокантни снимки од внатрешноста на болницата. Во извештајот открија и дека меѓу повредените и убиените има и нивни соседи, роднини и пријатели.
Елбурш на почетокот на извештајот рече дека и самиот е жител на Газа.
BBC reporter documents his hospital visit in Gaza, "I have seen things I can never unsee." pic.twitter.com/IwFCT4pOUK
— bread and circuses (@phortuenti) October 13, 2023
“Во болницата Ал Шифа телата се насекаде. Повредените врескаат за помош. Овие звуци никогаш не можете да ги заборавите. Меѓу загинатите и повредените, мојот снимател Махмуд го виде својот пријател Малик. Малик успеа да преживее, но неговото семејство не”. вели репортерот на Би-Би-Си.Во прилогот се гледа и камерманот како плаче.
Тој вели дека ова е неговата локална болница.
“Моите пријатели се тука, моите соседи се тука. Ова е мојата заедница. Денес беше еден од најтешките моменти во мојата кариера. Видов работи кои никогаш нема да можам да ги заборавам”, рече тој.
На видеото се гледа девојче облеано во крв и липа.
“Домот на ова мало девојче е уништен. Нејзиното семејство е убиено и ѝ треба помош. Мојата ќерка е на иста возраст. Сакам да ја гушнам”, рекол тој.
На видеото се гледаат жени како липаат покрај телата на нивните мртви членови на семејството.
“Спиевме и ни ја бомбардираа зградата како и секоја друга. Немаме борци на отпорот во нашата зграда. Целата зграда е полна со обични жители. Таму живееја 120 луѓе”, рекла жената.
„Коридорите на болницата се полни со тела. Нема повеќе место во мртовечницата. Телата се на земја пред влезот на болницата. Ова се случува во мојот град. Се чувствувам беспомошно. На мртвите нема кој да им даде достоинство, повредените останаа во болки“, рече репортерот кој на крајот заплака и падна на колена.