Поранешниот европски шампион во биатлон, бугарскиот олимпиец во овој спорт, Красимир Анев е во кома, откако во својот стан бил пронајден со прострелна рана во пределот на стомакот и пиштол оставен покрај него.
Бугарските медиуми јавуваат дека овој инцидент се случил пред шест дена. Анев е пронајден во месноста Дренов Док, кај Ќустендил во југозападна Бугарија.
Како дошло до настанот не е познато, а Анев се уште е во животна опасност.
Инаку, тој е еден од најуспешните биатлонци во Бугарија. Учествувал на три Зимски олимписки игри и 11 пати на Светските првенства.