“УЖАСНО МИ Е ТЕШКО“: Почина таткото на Весна Бејби Петрушевска (ФОТО)

by Тони Зографски

Актерката Весна Бејби Петрушевска на социјалните мрежи објави дека починал нејзиниот татко, Кирил Петрушевски.

„Утрово почина мојот најмил деди. Ужасно ми е тешко и нема никогаш да престане да ни недостасува твојата широка насмевка, исклучителниот дух и несебичната љубов. Те сакам тато, те сакам затоа што беше нежен со нас, со внуците Ема, Јана, Мина и Кирил, со зетот Џоле, со Вики. Ќе ми недостасува восхитот на љубовта која ја имавте со мама Сашка, вечни тинејџери и прва љубов која инспирираше. Те сакаме бескрајно, нека ти е светол патот татичко, одмори се“, напиша вчера Весна.

 

Share

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com