Младата бразилска пливачка Мариана Френклин Фереира почина на 14 години од последиците на коронавирусот.
Таа прележала kовид-19 пред еден месец, а неодамна повторно покажала знаци на заразата и примена е во регионалната болница.
На 9 и 10 декември се натпреварувала на националниот турнир во Сантос каде учествувала на трките на 50, 100 и 200 метри слободен стил. Во текот на натпреварот почнала да се чувствува лошо, а според бразилските медиуми, имала главоболки и болки по телото. Кога си дошла дома, се зголемиле смптомите, а имала и воспалено грло. Затоа, мајка ѝ ја однела во болница, каде одела два пати. Третиот пат ја примиле со ниска сатурација на кислород.
Лекарите потврдиле дека повторно е позитивна на коронавирус, кој ги зафатил и белите дробови. Во еден момент се чинело дека ќе успеат да ја стабилизираат, но само 24 часа подоцна Маријана починала. Покрај физичката спремност не можела да ги надвладее компликациите и ја изгуби најважната битка.