Сцена од улиците на Суботица шокираше и згрози многумина, на која се гледа како баба го шета својот внук врзан со синџир околу вратот.
Според локалните медиуми жената наводно е од Будимпешта и продава на саемот кој моментално се одржува во Суботица.
Таа тврдела дека по негово барање си играла со внукот и дека тој самиот и го врзал синџирот околу вратот.
Жената не сакала да се претстави, но мајката на момчето ги потврдила зборовите на нејзината мајка. Изјавите на бабата ги потврдијле и блиските продавачи.
Дури и ако изјавите на оваа баба се вистинити и тоа е само „игра“ на која инсистирал нејзиниот внук, може да стане многу опасно и непредвидливо, за што момчето на сликата секако не е свесно.
Во коментарите луѓето ја осудија оваа постапка на бабата, но и мајката која ја оправдала.