Последните информации од Копенхаген носат позитивни вести, дека репрезентативецот на Данска, Кристијан Ериксен, е свесен, односно полека се опоравува по драматичната ситуација по колабирањето среде натпреварот против Финска.
„По итната медицинска помош која му беше дадена на данскиот репрезентативец, беше одржан кризен состанок со двата тима и официјалните лица, а дополнителни информации ќе бидат соопштени во 19:45 по средноевропско време. Фудбалерот е пренесен во болница и состојбата му е стабилизирана“– информираа од УЕФА.